Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека ги посетил украинските сили во близина на линијата на фронтот во јужниот регион Запорожје, што е негово ретко патување во областа каде што се очеува руските сили да подготват офанзива.
Запорожје. Нашите војници од 27-та артилериска бригада… Тие работат на одбрана на нашите региони Запорожје и Доњецк (на исток) од окупаторите“, изјави Зеленски на платформата Х .
Украинскиот претседател објави видео во кое им се обраќа на своите сили на таканаречената дивизија ХИМАРС, воената единица која прва ги прими овие повеќенаменски ракетни системи испорачани од САД.
Zaporizhzhia. Our warriors from the 27th Rocket Artillery Brigade—the HIMARS division. These guys are defending our Zaporizhzhia and Donetsk regions from the occupiers.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 12, 2024
It is an honor to be with our warriors today, to congratulate them on the Day of the Land Forces and the… pic.twitter.com/r16GlrzgtP
На видеото може да се види како Зеленски шета со војниците во шума и им дели одликувања на војниците во простори што наликува на подземно засолниште.
Зеленски редовно ги посетува своите сили во областите во близина на линијата на фронтот од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Меѓутоа, тој не го посети релативно стабилниот јужен фронт од почетокот на годината, а најмногу ги посетува армиските позиции на истокот и северот на земјата, што се цел на интензивни руски напади.
Украинските војници и експерти веруваат дека руските сили би можеле да подготват нова копнена офанзива на југот. Таквата операција би претставувала предизвик за украинската армија, која веќе се бори на источниот фронт.