
Ректорот на нашиот универзитет проф. д-р Александар Трајковски е добитник на наградата ,,Панче Пешев” која Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ, ја доделува за најзначајни достигнувања од областа на музичкото творештво и музикологијата за 2025 година, информираат од Универзитетот Еуропа Прима.
Наградата ја доби заедно со проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска за нивната книга ,,Мојот пат – Антон (Тони) Баталаковски”.
Како што се вели во образложението – наградата се доделува заради оригиналноста, исклучителните естетски вредности кои ги промовира и високиот литературен стил на кој е напишана, претставувајќи значаен влог во областа на македонската музичка култура.
Добитник на оваа престижна награда е и проф. Стојан Стојков, за неговиот балет ,,Градина на почетоците”.

Македонски

