Skip to main content

Авион со 20 луѓе се урна во САД, нема жртви

Фото: Х

Авион кој превезувал 20 луѓе се урна во САД, но несреќата заврши без смртни случаи. Трагедијата се случила во сојузната држава Тенеси, во близина на градот Тулахома.

Портпарол на локалните власти појасни дека три лица се повредени и се пренесени со хеликоптери во болница.

Авионот бил двомоторен „Де Хавиланд“. Тој се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во Тулахома, без да предизвика штета на копнената инфраструктура.

Снимки на социјалните мрежи го покажуваат авионот со скршен опаш и откинати крила.

Според локалните медиуми, овој тип авиони се користат за транспорт на падобранци. 

Поврзани вести