
Сите наши очи и срца се во Тирана на натпреварот Албанија-Србија. Убеден сум дека Албанија ќе блесне и ќе запечати црвено-црна победам напиша новиот опозициски лидер Арбен Таравари. Тој на социјалните мрежи и даде поддршка на репрезентацијата на западниот сосед.
Голем навивач на албанската репрезентација е и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој на Фејсбук се пофали дека го гледа мечот на работното место и оти многу жали што не е во Тирана.
Завчера играше и македонската репрезентација. Поддршка од од овие двајца не видовме.