Skip to main content

Гоф ја победи Сабаленка и го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

Фото: Facebook/Coco Gauff

Американката Коко Гоф попладнево ја победи Белорусинката Арина Сабаленка во финалето на Ролан Гарос со 6:7 (5:7), 6:2 и 6:4.

Мечот во Париз траеше 2 часа и 40 минути.

Гоф забележа 3 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 9 од 21 брејк топка.

Сабаленка имаше 2 аса, 6 двојни грешки и реализираше 6 од 13 брејк топки.

Гоф за прв пат во кариерата го освои Отвореното првенство на Франција. За 21-годишната Американка ова е втор Грен слем турнир откако го освои УС Опен во 2023 година.

Во машкото финале утре ќе играат Јаник Синер (Италија) – Карлос Алкараз (Шпанија).

Поврзани вести