Skip to main content

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

Freepik

Шефицата на Технолошкиот комитет на Европската комисија, Хена Виркунен, денеска изјави дека не ја исклучува можноста за одложување на примената на одредени делови од Законот за вештачка интелигенција, наменет за ограничување на ризиците при користењето на вештачката интелигенција.

Ако видиме дека стандардите и упатствата не се подготвени на време, не треба да ја исклучиме можноста за одложување на некои делови од Законот за вештачка интелигенција – рече Виркунен во Луксембург за време на состанокот со министрите за дигитални науки на ЕУ.

Првите правила во светот за ограничување на ризиците од ВИ беа договорени на крајот на 2023 година и постепено ќе стапат во сила во текот на следната година и пол, при што првите ограничувања ќе стапат на сила во февруари, а следните клучни датуми ќе бидат во август 2025 и 2026 година.

Поврзани вести