Skip to main content

Безос: Вештачката интелигенција би можела да ни донесе тридневна работна седмица

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, изјави дека верува оти вештачката интелигенција би можела да генерира доволно раст на продуктивноста за да им овозможи на Американците да се префрлат на тридневна работна недела или да се потпрат на еден приход во домаќинството – отфрлајќи ги загриженостите дека технологијата би довела до масовни загуби на работни места за американските работници.

Извршниот претседател на „Амазон“ го разгледува говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот со технолошки директори во врска со ВИ во Источното крило на Белата куќа. Во тој контект, во интервју за „Фокс њуз“, Безос изјави дека верува оти зголемувањето на продуктивноста предизвикано од ВИ би можело да им овозможи на некои луѓе да одлучат: „Можам да го издржувам моето семејство работејќи три дена во неделата“.

Тој тврди и дека домаќинствата со двоен приход би можеле да утврдат дека нема да им биде потребен втор приход, дозволувајќи си така, по потреба, едниот родител да престане да работи.

Бил Гејтс, пак, од своја страна, претходно предвиде дводневна работна недела за 10 години.

Милијардерите не дадоа конкретни подробности за тоа како точно би можело да се случи сѐ ова, но Безос нагласи дека денешните изгледи го поддржуваат неговиот став дека ВИ би можела да доведе до недостиг на работна сила, а не до масовни отпуштања.(МИА)

Поврзани вести