Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: „Чувај се себеси“.
Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани. Токму под наслов „Чувај се себеси“ Прличев на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал оваа беседа, а подоцна во 1866 година ја објавил во весник.
Текстот е особено интересен по тоа што во него Прличев, којшто инаку се застапувал за архаизиран литературен јазик, обраќајќи се кон своите сограѓани се служи со чист охридски говор. Од него можат да се извлечат повеќе корисни податоци за изучувањето на градскиот охридски говор во минатиот век.
Со конкурсот кој го распишуваме трета година по ред сакаме да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.