
Премиерот на Косово, Албин Курти, ја обвини опозицијата за „намерна опструкција“ при конституирање на Собранието.
Реакцијата на Курти доаѓа откако и вчера, по 21 пат не успеа да се конституира косовското Собрание, бидејќи немаше кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање. За утре е закажана нова седница.
Курти повтори дека решението е пратениците со тајното гласање да изберат претседател на Собранието.
Според Курти, не е спорна неговата кандидатка за претседател на Собранието, Албулена Хаџиу, туку проблем е опозицијата која одбива тајно да гласа, додека при јавно гласање таа не добива доволен број гласови.