
Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано, бидејќи денеска немаше кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање.
На денешната седница беа присутни 90 пратеници, а 53 гласаа „за“ и еден „против“.
Во последните 12 обиди, седницата не успеа по истата точка – предлогот на претседавачот Авни Дехари да се премине од отворено на тајно гласање за избор на претседател на Собранието.
Првата конститутивна седница на деветтиот состав на Собранието на Косово се одржа на 15 април.
Победничката партија на изборите одржани на 9 февруари, Движењето Самоопределување, ја предложи Албулена Хаџиу за претседателка на Собранието. Но, Хаџиу не обезбеди доволен број гласови во првите шест обиди преку јавно гласање, па затоа беше предложено изборот на претседател на Собранието да се врати на тајно гласање. Но, Хаџиу досега не доби доволен број гласови.
Следната седница е закажана на 27 мај.