Skip to main content

Спремете се за Шкендија Арачиново следната сезона

Одиграни се трите бараж натпревари за пополнување на Втора македонска фудбалска лига. Пласман во Втората лига за следната сезона обезбедија Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс.

Во Кавадарци, Шкендија Арачиново со 2:1 успеа да слави против Осогово и со тоа да обезбеди промоција во Втора МФЛ. 

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Слога Виница беше убедлива против Преспа, славеше со 3:0 и се врати во ВМФЛ.

На стадионот во Ѓорче Петров, Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:0, но тимот на Горно Коњари со два гола за три минути израмни на 2:2 и следуваа изведуваат пенали.

Во пенал – серијата поуспешни беа фудбалерите на Тетекс кои во следната сезона ќе играат во Втората лига по пауза од една година.