Skip to main content

Лавров: Русија нема да го остави православното население во Украина во неволја

Министерство иностранных дел Российской Федерации
Министерство иностранных дел Российской Федерации

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, истакна дека претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на телефонскиот разговор со американскиот лидер Доналд Трамп, потврдил дека Русија е посветена на праведно решавање на украинскиот конфликт.

Русија нема да го остави православното население во Украина во неволја и ќе се бори за враќање на правата на канонската православна црква, чиешто гарантирано постоење и работа е токму ставот на Москва за праведно регулирање на украинската криза создадена од Западот, што Путин уште еднаш го потврди“, нагласи Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата истакна дека официјална Москва не била изненадена што властите во Киев ги игнорираа иницијативите за прекин на огнот по повод Велигден и Денот на победата.

Поврзани вести