Skip to main content
По слабите перформанси во индиско-пакистанскиот конфликт

Индонезија го преиспитува договорот за купување француски борбени авиони „Рафал“

frederic-le-monnier-on-unsplash
frederic-le-monnier-on-unsplash

Индонезија наводно го преиспитува својот договор со Франција вреден 8,1 милијарда долари за купување на борбени авиони „Рафал 42“ по информациите дека пакистанските авиониод кинеско производство „Ј-10Ц“ собориле три индиски авиони „Рафал“ на 7 мај, за време на краткотрајниот конфликт меѓу Индија и Пакистан.

Според информациите, индонезиските одбранбени претставници тивко го доведуваат во прашање оперативниот кредибилитет на француските авиони.

Се уште не се објавени формални измени во договорот, а испораките сè уште се очекуваат на почетокот на 2026 година.

Сепак, гласините предизвикаа загриженост во индонезиските одбранбени кругови, со оглед на стратешката важност на авионите „Рафал“ во модернизацијата на нејзините воздухопловни сили.

Поврзани вести