Skip to main content

Во наредните денови најави за невреме со силен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.

Во Скопје, утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината повремено ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да се повнимателни, да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Поврзани вести