
Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп може да продолжи да работи во Италија.
Според „La Stampa“, 57-годишниот Германец е блиску до преземање на чело на Рома во новата сезона.
Клоп е подготвен да ја напушти работата во групацијата на Ред Бул каде е Раководител на фудбалот.
Клаудио Раниери, кој го предводи римскиот клуб, на крајот на сезоната ќе го напушти тимот.
Клоп беше тренер на Ливерпул од 2015 до 2024. Пред ова Германецот работеше во Борусија Дортмунд од 2008 до 2015 година