Skip to main content

Тело на новороденче пронајдено во ќеса за ѓубре пронајдено на улица во Приштина

Безживотно тело на новороденче е пронајдено во црна ќеса за ѓубре покрај депонија во една улица во Приштина, Косово.

Косовската полиција го потврдила случајот за косовските медиуми. Случајот во косовската полиција бил пријавен утринава околу 11 часот.

Денеска околу 11 часот полицијата прими информација за сомнеж за напуштено новороденче во близина на депонија со отпад во една улица во Приштина. Сите релевантни полициски единици веднаш излегоа на лице место, како и брза помош која констатираше дека новороденчето не дава знаци на живот, наведуваат од КП за „Коха“.

Безживотното тело на новороденчето се наоѓа во Институтот за судска медицина, а полицијата отвори истрага.

Во меѓувреме, случајот го потврди и Основното обвинителство во Приштина. Се наведува дека „се преземаат сите мерки и истражни дејствија во врска со овој случај“.

Поврзани вести