
Арбен Таравари преку објава на социјалните мрежи ја коментираше видео-пораката на членот на Алијанса и вицепремиер, Арбен Фетаи, но и оставката на пратеникот Салим Сулејмани.
Таравари, меѓу другото, пишува дека „патот до достоинството не поминува со напуштање на партијата за министерска позиција“.
„Патот на Арбен Џафери не поминува покрај Владата повикувајќи 20%. Патот на промените не поминува со заканување на Албанците со затвор. Патот на промените не поминува со продажба на позицијата на пратеникот да стане амбасадор во Саудиска Арабија. Патот на достоинството не поминува со заминување од партијата во замена за министерско место. Се гледаме во октомври!“, напиша Таравари на Фејсбук.