Skip to main content

Печена тиква со мед и ореви во „ер фраер“

Печената тиква е едноставен есенски десерт што освојува со својата природна сладост и мирисот на печени ореви. Подготвена во air fryer, со малку кафеав шеќер, мед и крцкави ореви, станува прекрасен десерт што се подготвува брзо и без многу труд.

Потребни состојки:

  • 300 г тиква
  • мед по вкус
  • кафеав шеќер по вкус
  • сечкани ореви 


Начин на подготовка:

Тиквата ја чистиме од кората и семките, па ја сечеме на парчиња со посакуваната големина. Во корпата на „ер фраерот“ ставаме хартија за печење, а врз неа ги распоредуваме парчињата тиква. Секое парче го посипуваме со малку кафеав шеќер. Печеме на 180 °C околу 30 минути, а потоа ги превртуваме парчињата и печеме уште 10 минути на 200 °C, додека тиквата убаво не зарумени и не омекне.

Времето на печење може малку да се разликува зависно од видот на тиквата и големината на парчињата. Печената тиква ја редиме во чинија, ја посипуваме со ореви и ја прелеваме со мед. Послужете ја топла.