Skip to main content

Џон Илија Апелгрин вечерва ќе одржи концерт во Македонскиот народен театар во Скопје

Џон Илија Апелгрин вечерва во 20 часот ќе одржи концерт во Македонскиот народен театар во Скопје. Концертот претставува ретроспективен преглед на една богата музичка кариера и нуди несекојдневно и уникатно искуство. Публиката ќе има можност да ужива во ретроспектива на вокалните почетоци од рок групата „Деус“ од 1984 година, потсетување на култните настапи на „Макфест“, изведби од хитовската серија концерти „Музичка прошетка“ со композиции на француски, португалски и шпански јазик.

На концертот исто така ќе будат изведени и дел од безвременските композиции на маестро Драган Ѓаконовски Шпато, како и џез стандарди од репертоарот на Френк Синатра, премиерно ќе бидат изведени и композиции кои ги потпишува како автор самиот Апелгрин и композиции напишани специјално за Џон Илија Апелгрин од истакнатиот македонски џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски.

На сцената, Апелгрин ќе биде придружуван од фантастичен џез комбо бенд со кој често соработува на своите концерти овојпат поддржан и со гудачки квартет. Како специјален гостин на концертот ќе настапи нашиот познат џез контрабасист, Мартин Ѓаконовски, кој има соработувано со најдобрите актуелни џез музичари во светот, а инаку член на првиот џез состав со кој Џон Апелгрен почува да пее џез, а тоа е составот М2. Музичките аранжмани и адаптации за концертот ги подготви Гордан Спасовски, победник на светскиот натпревар за најдобра џез композиција за биг бенд 2026-та во Холандија.

Поврзани вести