Skip to main content

Романците изгласаа проевропски претседател

Freepik

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан е победник на претседателските избори во Романија што се одржаа вчера. Дан го победи крајнодесничарскиот популист и евроскептик Џорџе Симион од националистичката партија Алијанса за обединување на Романците (АУР), што беше голем пресврт во однос на резултатите од првиот круг, кога освои двојно помалку гласови од својот противкандидат.

Бројките од централната изборна комисија на Романија покажуваат дека Дан има 54,2 отсто од гласовите на гласачите во земјата членка на ЕУ и НАТО со околу 19 милиони луѓе, додека Симион, има 45,8 отсто.

Повеќе од 11,6 милиони Романци гласаа во вториот круг, а Дан ја привлече поддршката од повеќе од шест милиони од нив.

Изборите го привлекоа највисокиот процент на излезеност на гласачите на романските избори во последните 25 години, пишуваат светските медиуми.

Педесет и петгодишниот Дан се искачи на врвот во последните денови, откако неколку недели заостануваше зад Симион, евроскептик кој сакаше да ја прекине воената помош за Украина во нејзината војна со Русија.

Поврзани вести