Skip to main content

Изложба „Агапе“ на Горјан Ѓорѓиев во „Метаноја“

В петок, на 23 мај, во 19 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Агапе“ на македоснкиот ликовен уметник Горјан Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев е роден 1965 во Скопје. Дипломирал на Академија за ликовни умстности во Скопје, отсек сликарство, 1987 г. Член е на ДЛУМ од 1988 год. Учествувал на многу перформанси, групни изложби и колонии во земјата и во странство. Живее и работи во Скопје.

Самостојни изложби Центар за култура и информации Скопје 1993 г. Галерија Стоби. Скопје 1994 г. Салон на ДЛУМ. Скопјс 1995 г. Културен центар, Струмица1995 г. Галерија ВИД. Белград 1997 г. Музеј на Град Скопје. Скопје 2000 г. Уметничка галерија. Битола 2001 г. Уметничка галерија. Оливер 2007 г. Уметничка галерија. АРМ 2008 г. Центар за култура и информации Скопје 2009 г. Национална Галерија – Мала станица. 2010 г. Галерија БЛОК. Белград 2010 г. Градска галерија Арт Подгорица, Црна Гора 2010 г. Галерија Око, Скопје 2012 г. Галерија МКЦ , Скопје 2015 г. DI ALLURE Art Gallery, Saint Paul de Vence Франција 2017.

Работи како уредник за ликовна програма во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Поврзани вести