Skip to main content

МСУ Водич и Матине дружење

Денес, со почеток во 12:00 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, кустос-водич Бојана Јанева ќе ве запознае со трите тековни меѓународни изложби:

• „45 години ФЛУ“ – Јубилејна изложба, резултат на соработката помеѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје и МСУ–Скопје.
• „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции“ – Избор на дела од француските колекции на мсуЛион и МСУ–Скопје. Курирана од Матје Лелиевр, директор на Одделот за колекции при мсуЛион.
• „Калдер: Флуидена модерност“ – Изложба која ја истакнува звучната композиција на Дорит Крајслер, создадена во интеракција со мобилот на Александар Калдер. Курирана од Нада Прља.

Една од последните можности да ги видите изложбите пред нивното затворање.

Од 13:00 часот следува матине дружење и музички избор на ДЈ Дарко Јорданов.

За најмладите посетители, повторно ќе биде организирано Детско катче, каде децата ќе може да цртаат инспирирани од изложбите.

Поврзани вести