
Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ.
ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 2 денари по литар, и од утре ќе се продава по цена од 66,5 денари по литар.
ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98+ остануваат со иста цена, односно 73,5 денари, и 75,5 денари по литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 65 денари по литар, додека мазутот поскапува за 1,1 денар, и од утре ќе изнесува 36,5 денари по килограм.