Skip to main content

Западните воено-индустриски корпорации ги здружуваат силите

defrino-maasy-on-unsplash

Западните воено-индустриски корпорации ги здружуваат силите. Германската компанија Рајнметал и американската Локхид Мартин официјално го објавија создавањето на нов Центар за производство на високопрецизни ракети ГМЛРС, АТАКМС и Хелфајр во Германија.

Изградбата на центарот ќе почне во јуни 2025 година на територијата на постојната фабрика на Рајнметал во Унтерлис. Планираниот обем на производство е до 10 илјади ракети годишно.

Потфатот, создаден за да се справи со растечката нерамнотежа помеѓу побарувачката за ракети и индустриското производство во земјите на НАТО, влошена од конфликтот меѓу Русија и Украина, претставува целен чекор кон повторно опремување на европските залихи и зголемување на отпорноста на идните кризи“, се вели во соопштението на компаниите.

Дополнително, Рајнметал ќе почне со производство на 400 делови од централниот труп за авионите Ф-35 на Локхид Мартин од јули оваа година. Компаниите, исто така, заеднички го развиваат новиот систем за повеќекратно лансирање на ракети ГМАРС.

Претходно, Локхид Мартин најави ќе го зголеми производството на ракети ГМЛРС на 14.000 единици до крајот на 2025 година (од сегашните 10.000) и ќе ја зголеми оваа бројка на 19.000 од 2028 година.

Поврзани вести