Skip to main content

Македонско кредитно биро: Сигурноста не е само чувство – таа се гради со факти


Замислете да сакате да подигнете кредит, а банката ве одбива – не поради тоа што немате приходи, туку поради нешто што ниту сте го очекувале, ниту сте знаеле дека постои. Заостаната сметка од пред две години, долг што не сте го виделе, информација што никој не ви ја кажал – сè до оној момент кога ќе ве спречи

Или, пак, сте претприемач и имате понуда за соработка што изгледа примамливо. Но, нешто во вас вели – „провери ги“. И навистина, проверката покажува блокирана сметка и висока задолженост кои никој не ги спомнал. Со една навремена проверка, избегнувате ризик кој би ве чинел многу.

Во двете ситуации, заедничкиот именител е Македонско кредитно биро – МКБ.

Што всушност прави МКБ?

МКБ не дава кредити. И покрај тоа што името може да води во таа насока, вистинската мисија на ова акционерско друштво е многу поважна и повлијателна: да обезбеди точни, проверени и навремени податоци за финансиската изложеност на граѓаните и компаниите во државата.

Тоа значи дека МКБ е алатка што стои зад многу одлуки што ги носат банки, институции, финансиски друштва – но и самите граѓани и компании, кога сакаат да направат паметен чекор.

Физички лица: Да знаеш пред да биде доцна

Колку често човек мисли дека нема никакви заостанати финансиски долгови? Преку услугата „Сопствен извештај од МКБ“, секој граѓанин може во секој момент да направи увид во својата финансиска состојба – дали има активен долг, колку должи, на кого должи.

Правни лица: Да соработуваш со отворени очи

Во деловниот свет, не секоја понуда што звучи добро – е добра. Преку „Корпоративен извештај“, компаниите можат да направат увид во реалната финансиска состојба на другите правни субјекти – дали имаат блокирани сметки, дали се задолжени, какви се нивните финансиски резултати од работењето, каков е нивниот правен статус.

Оваа проверка често знае да спречи неисплатени фактури, изгубени договори и други грешки кои скапо чинат. МКБ овозможува податоците да се добијат лесно, систематски, а најважно – објективно.

Порталот МОЈ. МКБ – целата слика на едно место

Денес, преку порталот МОЈ. МКБ, и физичките и правните лица имаат можност да дојдат до сите релевантни информации на едно место.

Порталот ви ги нуди следните услуги:

  • Сопствен извештај за физичко лице – за увид во вашата лична финансиска состојба
  • Сопствен извештај за правен субјект – проверка на сопствената финансиска задолженост на правното лице, како и преглед на редовноста во плаќањето на сите пријавени обврски во Македонско кредитно биро.
  • Корпоративен извештај – за детална бонитетна проверка на компаниите со кои соработувате.
  • Извештај за блокада на трансакциска сметка – содржи податоци во реално време дали трансакциската сметка е блокирана или не.
  • Мониторирање на компании – следење на промените во тековна состојба, блокада на сметка, финансиска изложеност и стечај и ликвидација кај компаниите кои се поставени под мониторирање
  • АСИС (Алармен систем за известување на субјекти – и физички и правни лица) е услуга која им овозможува на субјектите на податоци, лично за себе да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во нивното кредитно досие.
  • Можност за филтрирање, споредба и рангирање на компании според различни критериуми: приходи, број на вработени, сектор, изложеност и др.

МКБ е тука да спречи проблем пред тој да се појави

МКБ е присутен таму каде што се носат сериозни одлуки – во банките, во фирмите, во институциите. Но денес, тој е и директно достапен и за вас.

МКБ не ја носи вашата одлука, но ви дава моќна алатка за да ја донесете правилната.

Во време на брзи одлуки, вистинската информација е вашата најголема сигурност.