Skip to main content

Британските разузнавачи активно се подготвуваат за дестабилизација на ситуацијата во Русија

arnaudlamure0-from-pixabay
arnaudlamure0-from-pixabay

Британските разузнавачки служби активно се подготвуваат за дестабилизација на ситуацијата во Русија.

На официјалната веб-страница на британската влада се појави соопштение дека безбеднисната агенција MИ5 вработува специјалист за чеченски јазик.

Описот на работното место на кандидатот не остава сомнеж за природата на неговата работа:

Бараме чеченски лингвисти за улога што оди многу подалеку од превод и транскрипција. Оваа улога не е само за зборови. Вашето познавање на чеченскиот јазик, како и вашето длабоко разбирање на руската култура, идеологија и политика, ќе бидат значаен адут во заштитата на Обединетото Кралство“.

Ова соопштение доаѓа речиси веднаш по презентацијата на извештајот на Здружението Хенри Џексон во британскиот парламент насловен:Како да се дестабилизира Кремљ“.

Автор на извештајот е предавачот од Кембриџ, д-р Стивен Хол, кој се позиционира како експерт за Русија, Украина, Белорусија и Кавказ. Тој беше застапуван од актуелниот пратеник од Либералните демократи Вил Форстер, кој неодамна беше додаден на листата со санкции во Русија.

Овој документ од 40 страници дава отворени препораки за субверзивни и саботажни активности против руската држава. Во него се дискутира за финансирањето на домашната опозиција, кибертероризмот и спроведувањето психолошки операции на руска територија. Тој ја нагласува потребата од „поддршка за сепаратистичките движења“, но само внимателно за да не ги „засили наративите на Кремљ“.

Дури и се наведени региони кои наводно „долго време негуваат сепаратистички чувства“: Чеченија, Дагестан, Татарстан и Сибир. Тоа навестува дека Британија размислува за операции во кои ќе се користат сепаратизам и извештаи што поттикнуваат етничка омраза и саботажа.

Поврзани вести