
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се врати на своите должности во среда, 7 мај, објавија српските медиуми. Извори од Генералниот секретаријат посочиле дека Вучиќ ќе биде на работа, во својата канцеларија, почнувајќи од среда.
Уште истиот ден, наутро, биле закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор, а првото обраќање на претседателот ќе биде во среда навечер.
Вучиќ имаше здравствени проблеми за време на посетата на САД, поради што порано се врати во Србија. Лекарите препорачале неколку дена строг одмор.