Skip to main content

Судир на три возила на крстосницата на „Орце“ со „Рузвелтова“

архива

Вчера во 09.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Орце Николов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(60), патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(50) и трицикл „томос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(30), сите од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле другите двајца возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести