Skip to main content

Нетанјаху по навлегувањето на израелски трупи во Сирија: Голанската висорамнина засекогаш ќе остане составен дел на Израел

Премиерот на Ираел, Бенјамин Нетанјаху ја прогласи Голанската висорамнина засекогаш дел од Израел.

Ваквата ијава на Нетајаху дојде откако израелски тенкови и војници влегоа во сирискиот дел на Голанската висорамнина, по симнувањето од власт на претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Израелскиот премиер изјави дека по бурните случувања во соседната држава, договорот за демаркација со Сирија по војната во Јом Кипур во 1974 година повеќе не важи.

Реков дека ќе го промениме Блискиот Исток. Денес сите ја разбираат огромната важност на нашата контрола над Голанската висорамнина. Голанската висорамнина засекогаш ќе остане составен дел на Израел“, порача Нетанјаху.

Претходно, по паѓањето на Асад, трупите на официјалната сирискаеармија се повлекоа од Голанската висорамнина и ја напуштија тампон зоната.

ОН не ги признаваат претензиите на Израел за Голанската висорамнина.

Поврзани вести