
Почна изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Македонија со цел подобрување на квалитетот на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека патниот транспорт е важна алка во синџирот на економијата на целата држава тоа значи нови можности, поголема безбедност, нови бизниси, нови работни места.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен.
Со реализација започна автопатот Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри и вредност од 90 милиони евра.
Се градат нови автопати, експресни, регионални, магистрални патишта и модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата пан европски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.
Се реализира многу важен стратешки проект, европската артерија Коридорот 8 кој ги поврзува Јонското Јадранското море со Црното море и е значајна алка за развој на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ напорно работи на капитални проекти има план и визија со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и отворање на нови работни места.
Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.