Skip to main content

Хуманитарен концерт во Загреб

Агенција за иселеништво

На 27 април 2025 година, во салата „Тоше Проески„ во просторот на Македонската православна црква ,,Св. Злата Мегленска”– Загреб, се одржа концерт на класична музика во чест и со посвета на настраданите во пожарот во Кочани и во знак на подршка кон нивните семејства. Концертот го организираа македонските студенти кои студираат на Музичката академија во Загреб, заедно со нивните хрватски колеги, во соработка со Советотот на македонското национално малцинство за Град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска.

На концертот, со избрани дела од класичниот репертоар настапија:

Виктор Рафајловски, клавир

Дамјана Апостоловски, сопран

Ема Ковачевиќ, клавир

Јана Стоилевска, сопран

Јосип Галиќ, баритон

Андреа Николовска, клавир

Катарина Коцељ, виолина

Ловре Тунуковиќ, виолончело

Карло Ѓурѓевиќ, клавир

Марта Бешлиќ, клавир

Даријан Ивезиќ, клавир

Презентирајќи го богатството и разноликоста на класичната музика, со своите

виртуозни изведби, изведувачите на концертот допринесоа во унапредувањето на

културата, истовремено нѐ обединија сите нас да оддадеме почит на оние кои

неодамна ги изгубивме. На концертот, во многубројната публика беа истакнати

представници на Хрватскиот сабор, хрватската Влада и македонските институции во

Хрватска, кои потврдија дека настанот беше – Концерт на заедништво, великодушност

и љубов кон класичната музика.

,,На вакви концерти, од хуманитарен карактер, зборовите се излишни. Единствено нешто што можеме да направиме за невините жртви во трагедијата во Кочани, е да се молиме за покој на нивните души и за здравје на повредените. Ние, студентите на Музичката академија во Загреб, преку музиката говоревме за сите наши револти, таги, немоќи, бидејќи токму музиката има моќ да нѐ утешува и во вакви тешки времиња.

Би сакале да изразиме огромна благодарност до Парохискиот свештеник Отец Кирко Велински и Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб кои безрезервно ја поддржаа нашата идеја за овој хуманирарен концерт, ни помогнаа со организацијата и ни го отстапија просторот. 

Сите собрани средства ќе бидат донирани до Црвен Крст Македонија.”

Поврзани вести