Skip to main content

Лајчак следната недела очекува динамично продолжување на состаноците за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека во претходните две недели имал интензивни разговори за дијалогот и дека очекува следната недела да биде полна со закажани состаноци и официјални мисии.

Новото раководство на ЕУ конечно стапи на должност, Косово имаше грозоморен терористички напад чија цел беше критична инфраструктура – чин што силно го осудувам – а дипломатскиот свет се подготвува за својот вообичаен спринт до крајот на годината“, напиша Лајчак денеска на Фејсбук, во осврт за експлозијата кај Зубин Поток, во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенац.

Лајчак нагласи дека е важно да се види дека во првата недела по преземањето на функцијата, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, високата претставничка Каја Калас и комесарката за проширување Марта Кос се сретнаа со лидерите на Западен Балкан и „испратија јасен сигнал дека проширувањето на ЕУ е нивен приоритет“.

Поврзани вести