Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите, вели Мицкоски

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025″ на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, како што соопштуваат од прес-центарот, кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Мицкоски потенцирал дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти, порачал Мицкоски.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

Поврзани вести