Skip to main content

Мицкоски: Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на Македонија на 3,2 отсто, јас очекувам меѓу 3,5 и 4 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се сретна со претставници на Светска банка, а денеска на новинарско прашање се осврна на прогнозите за македонската економија.


Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија за 2026 година од 2,9 на 3,2 отсто, при што инфраструктурните проекти се очекува да бидат меѓу главните двигатели на економската активност. MRT
Мицкоски оцени дека охрабрувачки е тоа што Македонија е единствената земја во регионот кај која, според него, проценката за економскиот раст се движи во позитивна насока.


„Она што охрабрува е фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, односно усогласувањето на проценката за раст, е во позитивна насока. Годината ја започнавме со 2,6 отсто раст на БДП, потоа проценката беше зголемена на 2,9 отсто, за вчера да излезе на 3,2 отсто“, рече Мицкоски.


Тој додаде дека неговите очекувања се растот на БДП годинава да биде уште повисок.


„Јас сум убеден дека оваа година растот на БДП ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто, бидејќи во првото полугодие досега е 3,7 отсто“, изјави премиерот.


Според него, Македонија истовремено би можела да има една од најниските стапки на инфлација во регионот.


„Очекувам да бидеме земја во која што има, ако не најниска, меѓу најниските две-три инфлации во регионот и Европа. И ако не највисок, тогаш меѓу петте највисоки пораст на БДП во регионот и Европа“, рече Мицкоски.

Поврзани вести