
Вчера претпладне во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31 годишниот Р.П. по претходна пријава дека откако дошол пред домот на неговиот чичко насилно ја искршил влезната врата, по што влегол внатре и кршел покуќнина, а откако дошла неговата сестра и нејзе физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР.

Македонски


