Skip to main content

Драма во Сараево: Врие од полиција околу зградата на Република Српска, Додик се уште е внатре, МУП го штити Претседателот

Printscreen

Специјалните сили на МВР на Република Српска се во полна опрема пред Административниот центар на Владата на во источно Сараево, а полицијата го проверува секој минувач, јавуваат тамошните медиуми.

Ситуацијата на ова подрачје од синоќа е тензична со оглед на тоа што вчера на оваа локација пристигна Милорад Додик, претседателот на Република Српска (РС) и следуваше обид са негово приведување од страна на Државната агенција за истраги и заштита СИПА, но беше спречен од МВР на Република Српска и антитерористичката единица (САЈ).

Службениците со долги цевки го обезбедуваат местото, а на медиумските екипи им е забрането да се приближуваат до оваа зграда.

Според информациите на медиумите, Додик е се уште внатре.

СИПА постапуваше по претходна наредба на судот на Босна и Херцеговина, кој го обвини Додик, како и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, за „напад на уставниот поредок на БиХ“.

Поврзани вести