
Никогаш не сум бил во куќата на Панче Жежовски нуту во околината. Неточно е и дека Велибор Манев влегол, Видевски го совладал, а јас сум влегол да го земам мобилниот на Панче кој бил уклучен на полнач, изјави во своето сведочење Љупчо Палевски, првообвинет во случајот со убиството на Панче Жежовски Вања Ѓорчевска
Тој тврди дека на мобилниот телефон на Жежовски нема негови траги.
-Во обвинителниот акт стои дека Панче е грабнат во 9 а убиен во 9 и 30 часот што е невозможно. Траги од мене на мобилниот телефон на Панче нема. До денеска не е утведено кога точно е убиен Жежовски, дали на 22 ноември или некој друг ден ниту тоа го има утврдено Инстутутот зс судска медцина. Во местото Рудник е пронајдена испукана чаура на еден метар од местото од убиството но ја нема во листа на докази, рече Палевски.
Тој тврди дека на денот кога е убиен Вања тој бил во штабот на неговата партија.
-Таму ја пишував кривичната пријава против Оливер Спасовски и Зоран Заев за продажбата на Чебрен и Галишта-убедуваше Палевски.
Слична изјава имаше и неговиот бранител Страшевски.
-На 22 ноември бил во својата партија и подготвувал кривична пријава – рече Страшевски.