
Амбасадата на Грција во Македонија ја продолжува успешната серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“, овој пат претставувајќи го значајниот грчки филм „Невести“, во режија на Панделис Вулгарис (2004) на 29 април во Кинотека со почеток во 19 часот.
Сместен во 1922 година, филмот го следи патувањето на 700 жени, чии бракови биле однапред договорени од нивните семејства преку пошта. Тие се упатуваат на бродот SS King Alexander на пат кон Њујорк, каде што ќе ги сретнат мажите со кои треба да се венчаат. Во своите куфери носат фотографија од непознат младоженец и венчаница. Меѓу нив, Ники, една од невестите, се заљубува во еден американски фотограф.
Филмот „Невести“ е романтична драма и претставува прв заеднички кинематографски проект на еден од најзначајните грчки режисери Панделис Вулгарис и наградуваната грчка писателка Јоана Каристиани и Мартин Скорсезе како извршен продуцент на филмот. Филмот постигнал голем успех на кино благајните и освои 10 награди на Меѓународниот филмски фестивал во Тесалоники.