Skip to main content

Африм Гаши со велигденска честитка: Заедничките вредности се темел на стабилна и просперитетна иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати велигденска честитка до граѓаните од христијанска вероисповед, нагласувајќи ја пораката на Велигден како симбол на надеж и духовна обнова.

„Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање, хармонија и мир, кои ќе бидат цврст темел за просперитетна и стабилна иднина“, порача Гаши.

Тој посака велигденските празници да бидат исполнети со среќа, љубов и солидарност, поттикнувајќи заеднички дух на поддршка и позитивни примери во справувањето со секојдневните предизвици.

Поврзани вести