Skip to main content

Кривична пријава за светиниколец кој вршел јавен превоз без лиценца

МИА
МИА

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(60) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, соопшти Министерството за внатрешни работи.  

Како што посочуваат од МВР, на 28 март 2025 година во Свети Николе, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. 

Поврзани вести