
Поради сообраќајна незгода што се случила на магистралниот пат А2, на делницата Кичево – Гостивар, во близина на местото Сеферов Бунар меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци.
Инцидентот предизвикал блокада на патот за сите видови возила, информираа од надлежните служби. Моментално, полициски екипи и други служби се на терен, а се очекува информации за времетраењето на прекинот да бидат дополнително соопштени.
Возачите се повикуваат на претпазливост и избегнување на делницата додека траат увидот и евентуалното расчистување на патот.