Skip to main content

Бугар ноќва си ја претепал девојката сред скопска кафана

МВР архива

Ноќва во 01.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Т.И.И.(56) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22 часот во угостителски објект на подрачје на Центар ја нападнал и со тврд предмет ја удрил неговата 48-годишна партнерка од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести