Во Филхармонија се одржа завршниот концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на кој присуствуваше целиот државен врв, Претседателката Гордана Сиљановка Давкова, Премиерот Христијан Мицкоски, министрите во владата, како и бројни претставници на политичкот и културниот живот на земјава.
Беа изведени и веќе добро познатите 12 нумери кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите кои се одржуваа ширум земјата во изминатите речиси две години. На сцената како новитет можеа да се слушнат и „Молитва“ на Миле Барбаровски, а ја отпеа Бојана Скендеровски, „Како пиреј“ ја отпеа Ламбе Алабаковски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интерпретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар музицираше под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Продукцијата Скендеровски на авторите на песните им врачи признанија, а признание доби и министерот за култура Зоран Љутков за поддршката на целиот проект.
Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ја водеше актерот Дејан Лилиќ.