Skip to main content

Палчо го уапсиле во пицерија, а не на автопат, фотографијата му ја пратиле на Спасовски

Фејсбук/Oliver Spasovski

Не учестував во настаните за кои сум обвинет. Останувам на исказот во ОЈО кој ќе биде проширен, го продолжи исказот пред судот првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо.

За апсњето во Турција

Земав куќа под закуп во Баликесир на мое име. Интернет земав од газдата. Откако на 3-ти декември дознав дека сум осомничен, му дадов пари за да замине дома. Следниот ден ја вратив картичката за интернет и клучот од куќата, преспав и заминав од куќата. Отидов во пицерија во Баликесир, која е во градот, а не надвор и очекував да дојде полиција бидејќи на сите портали во Турција беше мојата слика. Подоцна во истата пицерија се појави Интерпол Турција. Во полициска станица бев ставен на бел зид и преку „Ватсап“ беше испратена мојата фотографија во Македонија. Тоа е фотографијата што ја покажа Спасовски. Јасно ми беше кој сето тоа го организира. Ме пршаа дали има можност да бидам мачен и убиен во Македонија, на што реков не. Прашаа дали сакам да бидам екстрадиран на што реков дека сакам и тоа што поскоро, раскажува Палчо.

Поврзани вести