Skip to main content

Битолски Камерен Оркестар со проектот Stars Symphony на 20 мај во Скопје

Битолски камерен оркестар плакат

Битолски Камерен Оркестар го носи својот проект Stars Symphony во Скопје на 20 мај со повеќе од 100 учесници, балет, хор и со Битолски Камерен Оркестар.

По големиот успех на „Stars Symphony“ минатата година, Битолски Камерен Оркестар го носи овој проект во Скопје, претставувајќи го како четиричасовен музички спектакл кој не смее да се пропушти. „Stars Symphony“ во своето ново издание вклучува нови хитови од MTV The Greatest Hits 80s & 90s (Volume 3) со аранжмани изработени специјално за оркестар, а после нив ќе следува Schiller Symphony – познатиот германски DJ Schiller, пионер во електронската музика кој ќе приреди извонредна журка заедно со Битолски Камерен Оркестар.

Што може да очекувате?
* Четиричасовен аудио-визуелен спектакл кој ќе ве прошета низ времето,
* Над 100 учесници: оркестар, хор, балетски играчи и врвни пејачи.

Облечете се во стилот на вашите омилени децении и придружете ни се на оваа двочасовна музичка журка, како вовед во уште поголемо изненадување што следува веднаш потоа…Наскоро ќе бидат објавни и имињата на изведувачите

Поврзани вести