
Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на Турскиот рапер и пејач EZHEL.
Турскиот рапер и пејач EZHEL чија музика спојува трап, хип-хоп и реге жанрови, за ПРВ ПАТ доаѓа да ја освои нашата публика! По објавувањето на неговиот следен албум во септември 2024, Ezhel ќе ја започне својата ПРВА СВЕТСКА турнеја, токму вечерва во Скопје.
Ezhel е еден од највлијателен претставници на новата хип-хоп, трaп и реге култура од Турција. Со својот уникатен стил, спој на берлинскиот и анатолискиот градски живот, неговото влијание поминува многу граници бидејќи креира специјална интернационална музичка култура околу турскиот хип-хоп, препознатлива дури и за тие кои не зборуваат турски.
Влезниците за концертот се РАСПРОДАДЕНИ!