Skip to main content

Едно лице потешко повредено во нова несреќа на патот Штип-Кочани

Фото: Дарко Стоименовски

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случи кај надвозникот кај Соколарци на експресниот пат Штип – Кочани, јавува МИА. Повредениот од Болницата во Кочани е префрлен во Болницата во Штип. 

Превртено е воено возило, но засега нема информации како дошло до несреќата. 

Од Армијата потврдуваат дека се случила сообраќајна незгода но повеќе детали најавуваат за подоцна. 

Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип-Кочани и по околните патни прваци. 

Поврзани вести