Skip to main content

Премиера на претставата „Глад“ вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во салата 25 Мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Глад“.

Авторскиот тим состоен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери, ја поставува драмата што се бави со ненаситноста и гладта, од емоционална и физичка гледна точка. Делото се стреми да посочи дека циклусот на гладта не е изолиран, туку дека всушност претставува една вечна борба на човекот и колективите.

Актерите Лео Поповиќ, Дениз Ајдаревиќ, Марко Младеновиќ, Филип Миленкоски и Димитар Паскоски ќе го доближат микрокосмосот од сложени човечки емоции и односи, во мноштво од контексти.

Билетите се достапни единствено онлајн преку продажната мрежа на: https://mktickets.mk/event/glad/

Благодарност до нашите соработници, илустраторката Матеја Николиќ, дизајнерот на светло Игор Митревски, кореографот Бобан Русески за својот труд, и до пријателите од Младинскиот културен центар, Лабораториум и ФДУ Скопје за отстапениот работен простор и придонес кон процесот.

Поврзани вести