
Амбасадорот на Република Туркије Н.Е. Фатих Улусој на 17.03.2025 ја потпиша книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа оствари средба и со Државниот секретар на наведеното Министерство Елена Кузманоска при што изрази сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.
Туркије како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија.
Во Амбасадата на Република Туркије спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит. Воедно, амбасадата и сите други турски институции и установи во земјата ги одложија или пролонгираа нивните настани во текот на деновите на жал.
Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упати писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.