
Зошто ми го убивте детето? го праша денеска Александар Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев откако, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски, му врати Манев.
Претходното рочиште, на кое започна сведочењето на Манев, кратко беше прекинато во моментот кога на Ѓорчевски му се слоши од описот на злосторствата врз неговата ќерка.